• понеделник, 23 декември 2024

Ахмети ги откри 5-те приоритети: евроинтеграција, ветинг, верификација на имотот, истрага за приватизација и почитување на легитимитетот

Ахмети ги откри 5-те приоритети: евроинтеграција, ветинг, верификација на имотот, истрага за приватизација и почитување на легитимитетот

Скопје, 4 октомври 2024 (МИА) - Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети на неговиот Фејсбук профил ги објави и ги повтори петте приоритети и го повика Влен да ја напушти владата и заедно да стават крај на понижувањето на Албанците и другите.

Тој на Фејсбук напиша дека нивните приоритети вклучуваат: Евроинтеграци без никакво одлагање и без никакви двоумења како единствена алтернатива за нашата земја, ветинг за сите политичари, судии, обвинители и носители на јавни функции, со меѓународен мониторинг. Потоа верификација и контрола на имотот за сите носители на јавна функција во последните 33 години, истрага за процесот на приватизација и транзиција заедно со олигархијата создадена од тој процес. Почитување на етничкиот легитимитет на изборниот процес и меѓуетничкиот карактер на институциите во согласност со вољата на гласачите и заедниците, објави Ахмети на Фејсбук, соопштија од ДУИ. 

- За да го отстранат срамот од не почитување на волјата на Албанците на изборите, Влен нека се повлече од узурпацијата на институциите без легитимитет на гласачите, додека ние, повторувам, нема да станеме дел од Владата, туку заедно да го прекинеме ова понижување што им се наметнува на Албанците и на другите заедници, објави Ахмети на Фејсбук, соопштија од ДУИ. цр/ац/

Фото: ДУИ

 

 

Остани поврзан