• недела, 10 ноември 2024

АХВ потврди дека погодна локација за еутаназирање на 9 000 свињи е во атарот на карбинското село Таринци

АХВ потврди дека погодна локација за еутаназирање на 9 000 свињи е во атарот на карбинското село Таринци

Штип, 4 септември 2023 (МИА) - Свињите од фармата во село Таринци, Општина Карбинци, каде на 25 овој месец беше потврдено присуство на болеста африканска чума кај свињите ќе се закопуваат во јама во атарот  на село Таринци, се вели во писменото соопштение од Агенцијата за храна и ветеринарство. Додаваат дека  иако Општина Карбинци, како погодни локации, согласно оценката на Државниот инспекторат за животна средина ја прифатила и локацијата во атарот на селото Горни Трогерци.

-Еутаназијата на животните ќе се спроведе во најкус можен рок со претходно обезбедување на сите потребни услови за безбедна еутаназија на животните и соодветно нештетно отстранување на мршите, се вели во писменото соопштение од АХВ.

Во една од најголемите фарми во регионот кај девет свињи се утврди болеста африканска чума, но поради заштита и да не се шири вирусот треба да се еутанизираат околу 9.000 свињи, кои се одгледувале во оваа фарма. вдј/

Фото: МИА  

Остани поврзан