• недела, 22 декември 2024

Африканска свинска чума и во селото Облешево

Африканска свинска чума и во селото Облешево

Штип, 12 август 2022 (МИА) - Африканска свинска чума кај една свиња во импровизирано одгледувалиште или народски кажано кочина е потврдена денеска  во село Облешево во Општина Чешиново-Облешево, потврди за МИА раководителот на Секторот за здравствена заштита при Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Вања Кондратенко.

Во моментов екипи на АХВ се на терен и се прави попис на свињите во радиус од три километри, кои мора да се уништат во специјализирана јама, а потоа и за свињите во радиус од 10 километри, што треба да се однесат во кланица.

Во рок од половина месец во регионите на Македонска Каменица, Кочани, Виница и Чешиново-Облешево утврдени се вкупно шест жаришта на африканска свинска чума, а од почетокот на заразата во делчевско Драмче има вкупно седум жаришта. вдј/мд/

Остани поврзан