• понеделник, 23 декември 2024

Аунг осудена на дополнителни шест години затвор

Аунг осудена на дополнителни шест години затвор
Најпидо, 15 август 2022 (МИА) – Судот во Мјанмар денеска ја осуди на дополнителни шест години затвор поранешната премиерка Аунг Сан Су Чи. Таа е осудена за четири случаи на корупција. Аунг наводно ја злоупотребила својата положба изнајмувајќи  земјиште по помала цена од пазарната за да изгради резиденција од донации наменети за добротворни цели. Аунг ги негираше сите обвиненија. Таа е осудена на 11 години затвор поради бунт, корупција и други обвиненија подигнати откако армијата ја презеде власта во Мјанмар во февруари 2021 година. Аунг во 1991 година ја доби Нобеловата награда за мир. ми/

Остани поврзан