• петок, 22 ноември 2024

Ауди ја купи групацијата Мекларен и Формула 1 тимот

Ауди ја купи групацијата Мекларен и Формула 1 тимот
Инголштад, 15 ноември 2021 (МИА) - Компанијата „Ауди“ склучи договор за купување на групацијата Мекларен, соопшти „Autocar“. Ауди ќе ја преземе контролата врз целата компанија, вклучувајќи го и тимот на Мекларен кој се натпреварува во Формула 1 шампионатот. За потсетување, претходно Мекларен Груп делумно продаде дел од Ф1 тимот на „MSP Sports Capital“ кој стекна 15 проценти од акциите, а до крајот на 2022 година уделот ќе порасне на 33 проценти. Тимот на Мекларен е вториот најстар учесник во Формула 1 и вториот најтрофеен по Ферари. зс/

Остани поврзан