• понеделник, 23 декември 2024

Аудиовизуелна промоција на книгата „Под остар агол“ од Виктор Танасковски во ГБСК

Аудиовизуелна промоција на книгата „Под остар агол“ од Виктор Танасковски во ГБСК

Скопје, 21 ноември 2023 (МИА) - Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе биде промовирана книгата „Под остар агол“ од Виктор Танасковски. 

Делото ќе биде претставено преку аудиовидео проект на авторот. 

Збирката „Под остар агол“ е концепирана во три циклуса, од кои првиот е составен од 11 песни на македонски јазик, вториот од уште 11 песни со искршени облици и визуелни трикови од доменот на поезија конкрета, додека третиот циклус е составен исклучиво од песни на англиски јазик. Самиот наслов е скриен во една од песните, која е пишувана користејќи ги картите Oblique strategies.

Танасковски активно настапува, компонира и снима музика со своите авторски состави „Алембик“ (Alembic), „Минстрелс галери“ („Minstrel’s Gallery“) и „Импруф“ („Improof“). 

„Под остар агол“ е самостојно издание, а како коуредник се потпишува и музичарката Ива Дамјановски, која е автор и на дизајнот на корицата.

Виктор Танасковски е роден на 9 јуни 1992 година во Скопје. Во 2016 дипломира гитара на Катедрата за џез музика на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Во 2022 магистрира на Факултетот за музичка уметност во Белград, насока Применети музички истражувања, а моментално е студент на докторски студии на Универзитетот за уметности во Белград, отсек Вишемедијска уметност. 

Активно настапува, компонира и снима музика со своите авторски состави „Алембик“ (Alembic), „Минстрелс галери“ („Minstrel’s Gallery“) и „Импруф“ („Improof“). 

Во 2022, заедно со Ива Дамјановски го почнуваат музичкиот поткаст „Демобилизација“, во чијшто фокус е новата македонска алтернативна музика. Организатор е на повеќе уметнички настани, меѓу кои најзначајни се „Акустичните доручеци“, како и скопскиот мултимедијален фестивал „Синестетика“. 

Освен со компонирање и изведување, се занимава и со сликарство и со поезија.свс/мд/

Фото: Градска библиотека „Браќа Миладиновци“

Остани поврзан