• недела, 22 декември 2024

Атлетико Мадрид ќе плати 460 илјади евра за изнајмување на Кин

Атлетико Мадрид ќе плати 460 илјади евра за изнајмување на Кин

Мадрид, 24 јануари 2024 (МИА) - Атлетико Мадрид се договорил со Јувентус за позајмица на напаѓачот Мојс Кин, пишува новинарот Фабрицио Романо на социјалната мрежа Х. Периодот на договорот е шест месеци.

Според Романо, мадридскиот клуб ќе плати околу 460 милиони евра. Атлетико Мадрид ќе му ја исплати целосната плата на италијанскиот напаѓач. Наскоро се очекува и официјално соопштение од клубовите.

Кин за тимот од Торино настапува од 2021 година. Сезонава одигра 12 натпревари за Јувентус на кои не беше ефикасен. 

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 18 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан