• сабота, 23 ноември 2024

Атлетико доживотно суспендираше девет навивачи

Атлетико доживотно суспендираше девет навивачи

 

Мадрид, 2 ноември 2024 (МИА) – Шпанскиот фудбалски прволигаш Атлетико Мадрид доживотно суспендираше девет навивачи поради расизам и недолично однесување.

Казните уследија откако Атлетико Мадрид ја заврши истрагата по инцидентите кои се случија на дербито против Реал Мадрид, и натпреварот од Лигата на шампиони против Бенфика.

За време на градското дерби во Мадрид, голем број предмети и факели беа фрлени на теренот од трибините на стадионот, додека во Лисабон дел од навивачите на шпанскиот клуб се однесуваа расистички.

Процесот на идентификација на инволвираните траеше речиси еден месец, а клубот во соработка со полицијата го прегледа целиот аудиовизуелен материјал што беше на располагање.

Клубот успеа да идентификува девет лица кои добија доживотна забрана за присуство на натпреварите на Атлетико. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан