• петок, 22 ноември 2024

Атланта домаќин на Супербоул 2028

Атланта домаќин на Супербоул 2028


Атланта, 16 октомври 2024 (МИА) – Главниот град на американската сојузна држава Џорџија, Атланта, ќе биде домаќин на 62. Супербоул во 2028 година, објави денеска НФЛ.
Атланта, домот на Атланта Фалконс, по четврти пат ќе биде домаќин на финалето во американската рагби лига.
Финалето ќе се одигра на стадионот Мерцедес-Бенц, кој последен пат беше домаќин на Супербоул изданието во 2019 година, кога Њу Ингланд го победи Лос Анџелес.
Њу Орлеанс ќе биде домаќин на Супербоул на крајот од оваа сезона. Финалето на НФЛ потоа ќе се пресели во Санта Клара, во близина на Сан Франциско, во 2026 година, по што ќе се преселина стадионот СоФи во Лос Анџелес во 2027 година.
Мерцедес-Бенц стадионот има 71.000 седишта. Новиот стадион беше отворен во 2017 година. Точниот датум на Суперболот во 2028 година сè уште не е одреден. ег

ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан