• недела, 22 декември 2024

Аталанта шест месеци без повредениот Скамака

Аталанта шест месеци без повредениот Скамака


Бергамо, 5 август 2024 (МИА) – Напаѓачот на Аталанта и италијански репрезентативец Џанлука Скамака ќе отсуствува најмалку шест месеци од теренот откако ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено, соопшти денеска клубот од Бергамо.
Скамака се здоби со тешка повреда при поразот од Парма со 1-4 на пријателскиот натпревар одигран во неделата.
„Скамака беше подложен на дијагностички тестови во клиниката „Вила Стјуарт“ во Рим, кои открија кинење на предните вкрстени лигаменти на левото колено“, соопштија од клубот, додавајќи дека на 25-годишниот напаѓач веднаш ќе му биде извршена операција.
Аталанта минатата сезона ја освои Лигата на Европа, а Скамака постигна шест голови во ова натпреварување, додека 12 пати се запиша во листата на стрелци во италијанското првенство, кое Аталанта го заврши на четвртото место и се пласираше во Лигата на шампиони. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан