• сабота, 21 декември 2024

Аталанта победи на девет натпревари по ред во Серија А, повторувајќи го рекордот од пред четири години

Аталанта победи на девет натпревари по ред во Серија А, повторувајќи го рекордот од пред четири години

Бергамо, 7 декември 2024 (МИА) - Аталанта вчеравечер го победи Милан (2:1) на домашен терен во натпревар од 15. коло на Серија А.

Тимот од Бергамо ја продолжи својата победничка серија на девет натпревари, повторувајќи го својот рекорд поставен од февруари до јули 2020 година.

Аталанта моментално води во италијанското фудбалско првенство со 34 бодови. Наполи кој заостанува два бода утре ќе се соочи со Лацио. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан