• недела, 19 мај 2024

Асфaлтирани краци од улица во Миладиновци

Асфaлтирани краци од улица во Миладиновци

Скопје 21 декември 2023 (МИА) - Во населеното место Миладиновци во Општина Илинден денеска  е извршено асфалтирање на краците 4 и 5 од улица „8“, во вкупна  должина од 300 метри, информираат од кабинетот на градоначалникот Александар Георгиевски.

-Потребата за санација и асфалтирање на овие улици се јави поради тоа што тие беа во лоша состојба и граѓаните имаа потешкотии во секојдневните активности, појасни Георгиевски. 

Тој информира дека средствата се обезбедени од буџетот на општината.

Воедно, Георгиевски потенцира дека целта е да обезбедат квалитетни услови за живеење на сите  жители во општината и дека со средства од општината и понатаму продолжуваат со инвестирање во патната инфраструктура. ад/дма/

Фото: Општима Илинден

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан