• четврток, 07 ноември 2024

Асфалтиран патот до кривопаланечкото село Кркља

Асфалтиран патот до кривопаланечкото село Кркља

Крива Паланка, 26 август 2023 (МИА) - Нов асфалтен пат во должина од еден и пол километар добија жителите на селото Кркља, кривопаланечко. Денеска, на последниот ден од завршна реализација на проектот присуствуваа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, кои истакнаа дека ова е прв капитален инфраструктурен проект во селото по 40 години.

-Жителите на село Кркља од денес чекорат по нов асфалтен пат, инвестиција вредна 12.000.000 денари. Патниот правец е во должина од 1,5 километри, асфалтирана е делницата од клучката со асфалтниот пат кон маала Џиковци и Тукарци. Средства се обезбедени преку Програма за финансирање проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби 2022/23 на Биро за регионален развој и Министерство за локална самоуправа. Инвестираме во секој дел од општината. Се грижиме за сите граѓани, рече градоначалникот Митовски.

Министерот Николовски на својот Фејсбук профил напиша дека е пуштен во употреба локалниот пат во село Кркља. 

-Ова е прва капитална инвестиција за селото после 40 години. Жителите од овој крај ќе добијат современ пристап до централното градско подрачје. Инвестираме во патната инфраструктура, поврзувањето на селата во Кривопаланечко е приоритет на кој посветено работиме, напиша Николовски на фејсбук.ид/вј/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан