Асфалтирана улица „5“ во Стопански комплекс Илинден
- Со цел подобрување на патната инфраструктура Општина Илинден продолжува да работи со интензивно темпо, пришто извршено е асфалтирање на улица „5“ во Стопански комплекс Илинден. Во рамки на градежните работи извршена е изградба и асфалтирање на улицата во должина од околу 110 метри, информираат денеска од Општината.
Скопје, 19 април 2024 (МИА) - Со цел подобрување на патната инфраструктура Општина Илинден продолжува да работи со интензивно темпо, пришто извршено е асфалтирање на улица „5“ во Стопански комплекс Илинден. Во рамки на градежните работи извршена е изградба и асфалтирање на улицата во должина од околу 110 метри, информираат денеска од Општината.
Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски извршил увид во работните активности на терен и истакнал дека изградбата на оваа улица е од големо значење за секојдневното функционирање на локалните компании кои гравитираат во тој дел на економската зона.
Целосната инвестиција за реализација на овој проект е со средства од буџетот на Општина Илинден.
Општина Илинден, најавуваат оттаму, и во наредниот период ќе продолжи со инвестиции за подобрување на локалната патна инфраструктура се со цел да им се овозможи подобри и поквалитетни услови за живеење. сст/са/
фото Општина Илинден