• петок, 22 ноември 2024

Асфалтирана улица во село Криволак Неготинско 

Асфалтирана улица во село Криволак Неготинско 

Неготино, 2 октомври 2023 (МИА) - Заврши асфалтирањето на улицата во Долно маало во Криволак, во должина од 410 метри, во тој дел на ова населено место живее претежно Ромско население, но има и од другите националности, информираше вечерва Сафет Темуровски, активист за заштита на правата на Ромите во Тиквешијата и пошироко. 

- Задоволството е големо, јас можам да ја пренесам радоста на населението што живее овде, како теренски соработник во проектот на невладината организација ,,Ромалитико".  Вроди со плод нашата иницијатива од 2022 година, поднесена до Општина Неготино и градоначалникот. Благодарност до ,,Ромалитико" и неготинскиот градоначалник,  за реализацијата на овој проект, соопшти Темуровски. 

 Тој нагласи дека ќе се продолжи со соработката, со нови иницијативи. свд/


Фото : Сафет Темуровски 

Остани поврзан