• петок, 05 декември 2025

Астон вила размислува за трансфер на Гарначо

Астон вила размислува за трансфер на Гарначо

Лондон, 2 јуни 2025 (МИА) - Астон вила им се приклучи на клубовите заинтересирани за трансфер на играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Алехандро Гарначо, пренесува „CaughtOffside“.

Претходно интерес за Гарначо пројавија и Наполи и Баер Леверкузен.

Според „Сан“, аргентинскиот крилен напаѓач повеќе би сакал да остане во Премиер лигата отколку да оди во Серија А или во Бундеслигата. Негова желба е Челзи.

Дваесетгодишниот играч од средниот ред одигра 58 натпревари за Манчестер јунајтед во сезоната 2024/25 во сите натпреварувања, постигна 11 гола и направи 10 асистенции. Неговиот договор со клубот е до 30 јуни 2028. 

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува трансферната вредност на играчот на 45 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан