• петок, 05 јули 2024

Асенсио сака да ги освои сите трофеи со ПСЖ оваа сезона

Асенсио сака да ги освои сите трофеи со ПСЖ оваа сезона

Париз, 8 април 2024 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Пари Сен-Жермен, Марко Асенсио зборуваше за целите на тимот до крајот на сезоната. Тој има намера да освои што повеќе трофеи.

- Доаѓа најважниот дел од сезоната, последниот период во Лига 1. Стигнавме до финалето на Купот на Франција. Следува нешто многу убаво во Лигата на шампионите. Ќе се обидеме да освоиме сѐ оваа година. Сакам со ПСЖ да ги подигнам сите трофеи сезонава, изјави Асенсио за „AS“.

По 28 кола во Лига 1, ПСЖ е лидер на табелата со 63 бода.

Шпанецот оваа сезона одигра 22 натпревари за парижаните во сите натпреварувања, на кои постигна пет гола и забележа исто толку асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан