• недела, 17 ноември 2024

Асенсио би можел да ја продолжи кариерата во ПСЖ

Асенсио би можел да ја продолжи кариерата во ПСЖ

Париз, 27 мај 2023 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Марко Асенсио би можел да ја продолжи кариерата во ПСЖ, објави „ESPN“.

 

Страните веќе преговараат, освен тоа, агентот на 27-годишниот Шпанец, Жорге Мендеш е во добри односи со спортскиот директор на парижаните Луис Кампос, што би можело да придонесе за зделка.

 

За фудбалерот се заинтересирани и Астон Вила, Јувентус и Милан, но најпосакувана опција му е ПСЖ.

 

Во сезоната 2022/23, Асенсио постигна 12 гола и осум асистенции на 50 натпревари за Реал Мадрид во сите натпреварувања. Фудбалерот реши да го напушти клубот на крајот на сезоната како слободен играч. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан