• понеделник, 23 декември 2024

Архиепископ Стефан: Се надеваме за автокефалија како што добија и од кого добија сите послехалкидонски цркви

Архиепископ Стефан: Се надеваме за автокефалија како што добија и од кого добија сите послехалкидонски цркви
Скопје, 5 јуни 2022 (МИА) - Во православното предание има ред на работите. Ние се надеваме за автокефалија како што добија и од кого добија сите послехалкидонски цркви. Ниту бараме, ниту посакуваме, ниту заслужуваме експресни решенија, не сакаме нешто што ќе ја постави Охридската Архиепископија на половина пат и измеѓу, вели меѓудругото поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан во интервју за грчкиот весник „То Вима“. Тој во интервјуто, кое беше објавено во петокот во печатеното издание на весникот, вели дека во подготвителните заседанија, но и со разговорите во Шамбези, било поставено прашањето за начинот на доделување на автокефалноста, односно тоа да се одвива по пат на некаков сеправославен консензус и да биде потврдено од сите претстојатели на Црквите. -Вселенскиот Патријарх беше многу снисходлив, откажувајќи се и од своите права, за, сепак, да се дојде општо задоволство и мир во меѓуправославните односи. Но тоа што се предлагаше не се договори конечно и не беше усвоено и прогласено за важечко правило со сеправославно решение. Остана да важи традицијата загарантирана од каноните, дека единствено Вселенската Патријаршија издава томос за автокефалност, а другите Цркви тоа со почит го прифаќаат, нагласува г.г. Стефан. Тој денеска служеше заедничка архиерејска литургија во Белград во Соборниот храм на Свети Архангел Михаил со српскиот патријарх Порфириј, по која Порфириј му врачи акт,  со кој се потврдува одлуката на СПЦ, која беше објавена на 24 мај по сослужувањето на заедничка литургија во Соборниот храм во Скопје, со која СПЦ ја одобри и упати благослов за автокефалноста на МПЦ – ОА, ставајќи крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви. Во беседата по литургијата Стефан истакна дека процесот продолжува со посетата на Вселенската патријаршија, каде на Педесетница ќе има литургија со Вселенскиот патријарх, по што се надева дека и останатите православни цркви ќе ја прифатат автокефалноста на МПЦ-ОА. -Веруваме дека примерот на СПЦ кон нас ќе го подржат и останатите сестрински парвославни цркви, а Вие ваша светост направивте чекор со историско значење, како за за нашата МПЦ, така веруваме за целото православие, кажа архиепископот Стефан. Поглаварот на МПЦ-ОА истакна дека со денешниот чин е потврдена реалноста за автокефалниот статус на возобневаната Охридска архиепископија како Македонска Православна Црква. -Еве и денес додадовте нова радост, радост над сите радости, зошто за она што донеодамна разговаравме и договаравме, за она што нашиот Синод побара, а вашиот Собор архиерејски еднодушно се согласи и прифати, за Вие, ваша светост, на светата литургија во Свети Климентовиот храм во Скопје и го обзнанивте, за сето тоа денес во пишаниот документ во томосот да потврдивте, дека веќе е реалност афтокефалниот статус на возобневаната Охридска архиепископија како Македонска Православна Црква, истакна г.г. Стефан. ац/

Остани поврзан