• петок, 22 ноември 2024

Архиепископот Стефан ќе чиноначалствува со Божествената литургија во манастирот во Матка на празникот Успение на Пресвета Богородица

Архиепископот Стефан ќе чиноначалствува со Божествената литургија во манастирот во Матка на празникот Успение на Пресвета Богородица

Скопје, 21 август 2023 (МИА) - Сестринството од манастирот Успение на пресвета Богородица во Матка, крај Скопје, деновиве се подготвува за одбележување на еден од најголемите христијански празници Успението на Мајката Божја. 

Во предвечерието на празникот на 27 август во 18:30 часот во манастирот ќе се одржи вечерна богослужба, додека во 23:40 часот ќе започне сеноќното бдение. 

На денот на празникот во 8:30 часот ќе започне Божествената литургија со која ќе чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски Стефан. 

-Ќе ни биде драго заедно со вас да и оддадеме почит и благодарност на нашата мајка и заштитничка - Пресвета Богородица која вистински не закрилува нас сите и заеднички достојно да го прославиме Нејзиното Успение, се вели во поканата за одбележување на празникот од сестринствпото на манастирот.  

Жителите на Матка, Сарај, Ѓорче Петров. но и пошироко во Скопско традицонално ден пред празникот и на самиот празник доаѓаат во манастирот да се помолат на Мајката Божја. ев/са/

Остани поврзан