Арсовска се сретна со претставници на Сојузот на турски невладини организации - МАТУСИТЕБ
- Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска се сретна со претседателот на Сојузот на турските невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ), Хусрев Емин и извршниот директор М
![Арсовска се сретна со претставници на Сојузот на турски невладини организации - МАТУСИТЕБ](https://new.mia.mk/images/20221112144916_big_730x400_65.webp )
Скопје, 12 март 2022 (МИА) - Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска се сретна со претседателот на Сојузот на турските невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ), Хусрев Емин и извршниот директор Мехмед Ариф, со кои разговараше за можностите за билатерална поддршка и соработка, како и за интензивирање на турските инвестиции во скопскиот регион.
Писателката Лејла Шериф Емин, добитничка на годишната книжевна награда за книгата „Мост меѓу националностите", со посвета на градот и подари дел од своите збирки поезија на градоначалничката Арсовска во кои главна тема е градот Скопје, информираа од Град Скопје. рп/нд/
![Арсовска и Лејла Шериф Емин](/articles/images/%d0%b0%d1%80%d1%81%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d1%81%d0%b5-%d1%81%d/lOwuJkAp3/placeholder.webp?use_watermark=0)