• недела, 07 јули 2024

Арсовска на еколошка акција за зазеленување во Ѓорче Петров

Арсовска на еколошка акција за зазеленување во Ѓорче Петров
Скопје, 16 април 2022 (МИА) - Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска учествуваше во еколошка акција во паркот во населбата Хром во Ѓорче Петов за зазеленување, на иницијатива на дел од членовите на Советот на Град Скопје. Како што информираат од Град Скопје, за време на денешните активности, градоначалничката Арсовска и советниците посетиле повеќе локации каде се реализирани акции за чистење, а симболично беа засадени и 10-тина дрвја. Покрај овие активности, градоначалничката Арсовска и советниците оствариле и средби со членовите на советот на општина Ѓорче Петров и пратеници, каде, како што информираат од Градот Скопје, разговарале за подобрување на меѓусебната координацијата со цел зголемување на ефикасноста во работењето. аа/

Остани поврзан