• недела, 24 ноември 2024

Арсовска: Нема покана од Владата за средба со раководството на Град Скопје

Арсовска: Нема покана од Владата за средба со раководството на Град Скопје

Скопје, 4 август 2023 (МИА) - Досега нема покана од Владата за средба на која би се разговарало за помош од централната власт за главниот град, изјави градоначалничката на Скопје Данела Арсовска во вечерашното гостување на Канал 5, коментирајќи ја изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека ќе ја повика неа и нејзините соработници на состанок во Владата затоа што „градот на ништо не личел“. 

- Некако можеби и комично делува некој од тој аспект се обидува да каже дека нешто не е функционално, а да има директен придонес во неговата нефункционалност. Единствено што можам да кажам е нека си апелира до сопствените советници да бидат конструктивни, да работат во интерес на граѓаните, да гласаат за паушалите што ги зимаат секој месец, за проектите коишто треба да се реализираат од интерес на граѓаните, за да може градот да биде такво место за живеење како што тој очекува, рече Арсовска.

Според неа, најавената покана е спорна од два аспекта.

- Првиот аспект е дека можеби доколку му се чини на премиерот дека градот на ништо не личи и најголем придонес имаат неговите советници во Градот, коишто се официјално и коалиција со ДПМНЕ, со што не гласаат за проектите да се реализираат коишто се во интерес на граѓаните. И доколку навистина тој би сакал да му помогне на Градот, можеби една од најдобрите решенија е да ги охрабри своите советници, кои ги има навистина во голем број во Град Скопје, да ги гласаат овие проекти што граѓаните ги бараа, меѓутоа исто така овие проекти се и од програмата којашто е избрана од нашите граѓани на последните локални избори, рече Арсовска.

Вториот аспект, наведе Арсовска, е „како некој што не може да си помогне себеси  би можел да помогне на Градот Скопје“, додавајќи дека ниту еден капитален проект во државата не е реализиран, посочувајќи ги како примери автопатот Кичево-Охрид и клиничкиот центар за коишто нагласи дека не се реализирани со години. сх/са/

Фото: Принтскирн

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан