• недела, 21 јули 2024

Арсенал тргнува по Милинковиќ-Савиќ

Арсенал тргнува по Милинковиќ-Савиќ
Лондон, 6 јуни 2022 (МИА) – Премиерлигашот Арсенал ќе испрати понуда до Лацио за играчот од средниот ред Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Според пишувањата во англиските медиуми, лондонскиот клуб размислува да му понуди на Лацио 45 милиони фунти (52 милиони евра) за 27-годишниот фудбалер. Претходно беше објавено дека раководството на Римјаните може да го продаде Србинот само за 70 милиони евра. Милинковиќ-Савиќ минатата сезона одигра 47 натпревари за Лацио, постигна 11 гола и 12 асистенции. зс/

Остани поврзан