• четврток, 04 јули 2024

Арсенал сака да го продолжи закупот на Себалос

Арсенал сака да го продолжи закупот на Себалос
Лондон, 19 јули 2020 (МИА) - Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Дани Себалос, кој е на позајмица во Арсенал, може да остане во Лондон. „Топџиите“ сакаат да го продолжат закупот на 23-годишниот Шпанец за уште една сезона, објави „АС“. Валенсија и Милан исто така се заинтересирани за фудбалерот на Реал. Во тековната сезона, Себалос има две асистенции на 22 одиграни натпревари во Премиер лигата. зс/

Остани поврзан