• петок, 28 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Армијата во Буркина Фасо уби повеќе од 100 осомничени терористи

Армијата во Буркина Фасо уби повеќе од 100 осомничени терористи

Уагадугу, 2 септември 2023 (МИА) - Армијата во западноафриканската земја Буркина Фасо соопшти дека убила повеќе од 100 осомничени терористи, јави ДПА.

-Исламистичките милитанти беа совладани во две операции во петокот на северот на земјата во близина на границите со Мали и Нигер, соопшти денеска Армијата во соопштение прочитано на државната телевизија.

Според соопштението, безбедносните сили уништиле возила на терористите и заплениле опрема и дрога. Во операцијата загинаа и петмина припадници на безбедносните сили.

Повеќе од два милиони луѓе се раселени во земјата како резултат на немирите. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан