• петок, 22 ноември 2024

Арбен Кинѓи е новиот началник на Генералштабот на албанските вооружени сили 

Арбен Кинѓи е новиот началник на Генералштабот на албанските вооружени сили 

Тирана, 2 август 2022 (МИА) – Бригадниот генерал Арбен Кинѓи ќе биде новиот началник на Генералштабот на албанските вооружени сили. 

Тој доаѓа на  на местото на генерал Бајрам Бегај, кој оваа функција ја напушти во почетокот на јуни, кога беше предложен, а потоа и избран за претседател на Албанија.  

Предлог за назначување на ова функција на генерал Кинѓи достави премиерот Еди Рама до претседателот Бегај, кој попладнево потпиша уредба. За утре е најавена свечена церемонија во Министерството за одбрана на која Кинѓи ќе ја преземе функцијата. 

Тој во текот на денов остварил средба со министерот за одбрана Нико Пелеши. 

Во 2020 година, Арбен Кинѓи беше унапреден од тогашниот претседател Илир Мета со чин бригаден генерал, додека моментно ја извршува функцијата командант на баталјонот за поддршка во Генералштабот на вооружените сили. 

Бригадниот генерал Арбен Кинѓи извршувал и други должности како што е военото аташе на Република Албанија во Романија. Претходно бил командант на Воената полиција и командант на контингентот во повеќе мисии во Авганистан и Ирак. вт/ 

Остани поврзан