• сабота, 23 ноември 2024

Апсења во Русија поради излевање на 20.000 тони дизел

Апсења во Русија поради излевање на 20.000 тони дизел
Москва, 10 јуни 2020 (МИА) - Руската полиција уапси тројца раководители на електрани во Норилск, на Арктикот, поради сомнеж дека го прекршиле законот за заштита на животната средина, поради излевање на 20.000 тони дизел. На уапсените им се заканува казна од пет години затвор. Излевањето на дизелот се случи на 29 мај и се стравува дека горивото може да достигне до Арктичкиот Океан. Норилск се наоѓа на 2.900 километри од Москва и е еден од најзагадените градови во светот. гт/

Остани поврзан