Апелацискиот суд ги поддржа ограничувањата на имиграциските рации во областа на Лос Анџелес
- Американскиот Апелациски суд во голема мера ги задржа ограничувањата на имиграциските рации во областа на Лос Анџелес, согласувајќи се со одлуката на понискиот суд кој утврди дека рациите спроведени од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во јужна Калифорнија изгледале како да се засноваат на расата на луѓето и на други фактори, како што е зборувањето на шпански јазик.
Лос Анџелес, 2 август 2025 (МИА) – Американскиот Апелациски суд во голема мера ги задржа ограничувањата на имиграциските рации во областа на Лос Анџелес, согласувајќи се со одлуката на понискиот суд кој утврди дека рациите спроведени од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во јужна Калифорнија изгледале како да се засноваат на расата на луѓето и на други фактори, како што е зборувањето на шпански јазик.
Судскиот панел на Апелацискиот суд на САД за Деветтиот округ во голема мера го отфрли барањето на администрацијата на Трамп да се суспендира одлуката на понискиот суд, која бараше од федералните имиграциски службеници да имаат разумно сомневање дека некое лице е нелегално во земјата пред да го уапсат, пренесува Си-Би-Ес.
Имиграциските рации предизвикаа масовни протести во областа на Лос Анџелес во јуни, како и страв кај големата латино заедница во тој регион. јт/
Фото: МИА архива