• вторник, 05 ноември 2024

Апасиев: Она што го очекуваме на овие избори е да не може да се формира влада без Левица

Апасиев: Она што го очекуваме на овие избори е да не може да се формира влада без Левица

Скопје, 6 мај 2024 (МИА) - Она што го очекуваме на овие избори е да не може да се формира влада без Левица. Ова го истакна денеска Димитар Апасиев, претседателот на Левица и носител на кандидатската листа за пратеници од оваа партија во Првата изборна единица. 

Во изјава за медиумите дадена пред почетокот на завршниот митинг во Скопје, Аапсиев ги повика граѓаните масовно да излезат на избори во среда.

- Ние ја понудивме нашата македонска платформа и очекуваме идниот мандатар на ниво на таа платформа, да почне преговори. Апелираме до гласачите масовно да излезат и да гласаат на овие двојни избори. Очекуваме солидна бројка, дуплирање на резултатот од претседателските избори и освојување на прва пратеничка група на Левица од осум до 12 мандати, зависно од излезноста. Очекуваме машки фајт и битка внатре во Собранието, за македонските национални интереси, подвлече Аапсиев, изразувајќи благодарност до сите активисти, волонтери, на сите кои дале придонес во изминатиот период. бд/бак/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан