• петок, 28 јуни 2024

Анчелоти го објави составот на Реал Мадрид за финалето на Лигата на шампионите

Анчелоти го објави составот на Реал Мадрид за финалето на Лигата на шампионите

Лондон, 1 јуни 2024 (МИА) - Реал Мадрид ја задржа традицијата да го објави својот стартен состав порано од вообичаено, па така на околу два и пол часа пред почетокот на финалето на Лигата на шампионите веќе се јасни стартерите на Карло Анчелоти за пресметката со Борусија Дортмунд на „Вембли“ која започнува во 21:00 часот.

Нема изненадувања во 11-те на Анчелоти. На голот се очекува Тибо Куртоа наместо Андриј Лунин, кој е болен од грип, а е на клупата.

Во одбраната се појавува името на Начо Фернандез, чиј партнер е Антонио Рудигер, а двајцата бекови се Даниел Карвахал и Ферланд Менди.

Триото од средниот ред го сочинуваат Федерико Валверде, Едуардо Камавинга и Тони Крос, за кого ова е последен натпревар на клупско ниво во кариерата.

Напаѓачкиот тандем го сочинуваат Родриго и Винисиус Јуниор, а од бековската позиција на двајцата Бразилци ќе им помогне ѕвездата Џуд Белингам.

Составот на Борусија Дортмунд ќе стане јасен околу 20:00 часот. дс

Фото: Архива

Остани поврзан