• недела, 22 декември 2024

Антивладини протести во Ерменија

Антивладини протести во Ерменија
Ереван, 8 ноември 2021 (МИА) - Неколку илјади луѓе денеска протестираа во Ереван барајќи оставка од ерменскиот премиер Никол Пашинијан. - Денеска прогласуваме почеток на општо-националното опозициско движење“, изјави пред насобраниот народ еден од лидерите на опозицијата Ишхам Сагателијан. Тој додаде дека цел на движењето е стопирање на „уништување на државата“. Рејтингот на Пашинијан забележа под по поразот на ерменската армија мината есен во судирот со соседен Азербејџан. Во шестнеделната војна загинаа 6.500 луѓе. Пашинијан во ноември мината година потпиша мировен договор, според кој Азербејџан доби контрола над големи делови во Нагорно-Карабах и околните области. Договорот во Ерменија предизвика незадоволство и политичка криза. Тогаш опозицијата го прогласи Пашинијан за предавник, а во јуни се одржаа предвремени парламентарни извори на кои победи партијата на премиерот. ми/

Остани поврзан