• четврток, 19 декември 2024

Ансу Фати наследник на „десетката“ на Меси во Барселона

Ансу Фати наследник на „десетката“ на Меси во Барселона
Барселона, 1 септември 2021 (МИА) - Шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона одлучи дресот со бројот 10, кој цели 13 години го носеше Аргентинецот Лионел Меси, да му го додели на својот голем талент, 18-годишниот Ансу Фати, објави попладнево каталонскиот клуб на својот официјален сајт. Меси ова лето, по две децении минати во Барселона, премина во редовите на ПСЖ, а дресот со бројот 10 во каталонскиот клуб го носеше од 2008 година. Претходно, „десетката“ беше во сопственост на Бразилецот Ривалдо. Нова „деветка‘ на Барселона ќе биде Мемфис Депај, дресот со бројот 7 по заминувањето на Антоан Гризман премина кај Усман Дембеле, додека новото засилување Серхио Агуеро ќе го носи дресот со бројот 19. ег/ми/

Остани поврзан