• понеделник, 23 декември 2024

Ансамблот „Студио Фолклор“ од Скопје најдобар на Балканскиот фестивал во Корча

Ансамблот „Студио Фолклор“ од Скопје најдобар на Балканскиот фестивал во Корча
Корча, 27 мај 2022 (МИА) - Во Корча, Република Албанија се одржа 4-то издание на Балканскиот фестивал на кој учествуваа фолклорни ансамбли од шест балкански земји, меѓу нив и Северна Македонија.
- Во изведби на ора и песни од целиот Балкан, домашните и странските уметници се здружија за да ја пренесат богата култура и традиција. Тоа беше едно вистинско празнување  и презентација на традицијата, пренесува Весник Македониум.Според истиот извор шест балкански земји го промовираа своето традиционално наследство, на еден фестивал, каде натпреварувањето на фолклорните групи останува колку симболично толку и стимулативно за уметниците.
-Фолклористи од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Грција, Косово и Црна Гора со парадата на нивните национални костуми, приредија спектакл на улиците на градот Корча. Изведувајќи традиционални ора и песни и  инструментални и под звуците на народната музика, тие го претворија плоштадот кај стариот пазар во Корча, во центар на балканскиот дух, наведува весникот.
Директорката на културниот центар во Корча, Блерта Балиу рече дека „Балканскиот дух е создаден четири години и има за цел да ја обедини уметноста на целиот Балкан затоа што сме толку слични едни на други“.На последната вечер на овој фестивал што се одржа во театарот „Андон Зако Чајупи“, по одличниот настап на ансамблите на 6 -те земји учесници, ансамблот „Студио Фолклор“ од Скопје, Македонија беше  прогласен за победник на ова 4 -то издание. вт/ки/

Остани поврзан