• четврток, 21 ноември 2024

Анри се одјави од социјалните мрежи поради расизам

Анри се одјави од социјалните мрежи поради расизам
Лондон, 26 март 2021 (МИА) - Поранешниот француски фудбалер Тјери Анри објави дека поради распространетиот расизам на социјалните мрежи од утре ги затвора сите свои профили. Анри рече дека компаниите што стојат зад социјалните мрежи не сториле доволно за да спречат насилничко однесување кое редовно за цел ги има фудбалерите со темна боја на кожата. - Од утре изутрина ги бришам сите свои профили на социјалните мрежи сè додека надлежните не ги регулираат своите платформи со иста енергија и жестина како што тоа го прават кога се кршат авторските права, наведе поранешниот француски репрезентативец и член на Арсенал. ег/ми/

Тагови

Остани поврзан