• недела, 17 ноември 2024

Андрески: СДСМ како државотворна партија се грижи за граѓаните и за реализација на стратешките интереси на државата

Андрески: СДСМ како државотворна партија се грижи за граѓаните и за реализација на стратешките интереси на државата
Скопје, 15 ноември 2022
Организациониот секретар на СДСМ Вангел Андрески денеска се обрати пред присутните граѓани на трибината под мотото „Силно и одлучно кон иднината“ што се одржа во општина Центар Жупа.
СДСМ е консолидирана партија, која постојано е на терен и се враќа на победничките патеки. Како државотворна партија постојано на дело покажуваме што значи вистинска грижа за граѓаните но и реализација на стратешките интереси на државата, порача Андрески.
Осврнувајќи се на последиците од светската енергетска и економска криза, Андрески посочи дека Владата предводена од СДСМ презеде навремени и ефикасни мерки со цел да им помогне на граѓаните, на стопанството.
Со два пакета мерки одвоивме 750 милиони евра за антикризни мерки. Во следните четири месеци им помагаме на над 200.000 граѓани, а дополнителни 52 милиони евра одвоивме за земјоделците, за да го зголемиме производствто на домашна храна и житарици, што е особено важно во време кога во светот има недостиг на храна.“ истакна Андрески.
Организациониот секретар на СДСМ Вангел Андрески нагласи дека со најновите мерки на Владата предводена од премиерот Димитар Ковачевски за обезбедување на пониска, фиксна цена на струјата за компаниите од прехранбената индустрија, почнаа да се намалуваат малопродажните цени на основните прехранбени производи, продолжува и субвенционирањето на сметките за струја за домаќинствата и 72.000 мали компании од 80%.
Андрески истакна дека додека СДСМ презема навремени и ефикасни мерки, од ВМРО-ДПМНЕ не се откажуваат од деструктивното и штетно дејствување.
Во Собранието пратениците на ВМРО-ДПМНЕ упорно блокираат над 50 закони во интерес на граѓаните и државата, а на локално ниво, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ цела година не работат ништо, нема ниту еден нов проект, а многу од наследените проекти се намерно прекинати и не се реализираат. Очигледна е разликата помеѓу нашиот одговорен, чесен и домаќински пристап и деструктивниот, неодговорен и нечесен однос на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, порача организациониот секретар на СДСМ Вангел Андрески на граѓанската трибина на СДСМ во Центар Жупа.
Центар за комуникации со јавност на СДСМ
___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
 

Остани поврзан