• понеделник, 20 април 2026

Андреас фон Бекерат: Потребна е политичка посветеност за членство на Србија во ЕУ

Андреас фон Бекерат: Потребна е политичка посветеност за членство на Србија во ЕУ

Белград, 20 април 2026 (МИА) - „Европската Унија е подготвена да ја поддржи Србија на секој чекор, но изборот и волјата зависат од политичарите, граѓаните и целата заедница“, нагласи денеска шефот на делегацијата на ЕУ во Србија, Андреас фон Бекерат на отворањето на Неделата на можности на ЕУ.

Тој додаде дека се надева дека пристапувањето на Србија во ЕУ ќе биде што е можно поскоро.

„Пристапувањето сепак, бара вистинска политичка посветеност“, изјави Андреас фон Бекерат.

Тој истакна дека е важно посветеноста на Србија кон реформите, владеењето на правото и човековите права да биде итна, повеќе од кога било. зш/јт/

Остани поврзан