• петок, 22 ноември 2024

Андоновски: Балансерот требаше да гарантира правична застапеност, но ја уништи стручноста и компетентноста

Андоновски: Балансерот требаше да гарантира правична застапеност, но ја уништи стручноста и компетентноста

Скопје, 8 април 2024 

"Балансерот не е темелна вредност на уставот. Алатката балансер се употребуваше за да се операционализира вработувањето на лицата во јавната администрација заради почитување на темелната вредност, соодветна и правична застапеност на припадниците на сите заедници, но таа достигна апсурд" , изјави за емисијата "25 минути", дополнителниот заменик на министерот за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски. 

Апсурдот кој што го напомена Андоновски се однесува на институциите. "Се изигрува законот за вработените во јавниот сектор, со доцнење на одговорот од МИОА, по основ на годишните планови, по автоматизам се дава позитивно мислење на секоја институција, па така имате институции како министерството за политички систем, каде што 95% од вработените се Албанци, а помалку од 5% се Македонци, со што добиваме комплетен дисбаланс", појасни Андоновски. 

Андоновски дополни дека за одредено работно место, граѓанинот прво одбира националност, а институциите не ги гледаат квалитетите, туку етничката припадност. 

"Нашата идеја за напуштање на балансерот ќе оди во две фази. Првата фаза, враќање на балансерот на процентите кои исклучиво се однесуваат на пописот на резидентно население на Република Македонија во 2021 година. Втората фаза пак, планираме целосно укинување на балансерот, односно исклучување на оваа алатка од годишните планови за вработување. Тоа ќе биде дел од коалицискиот договор за идна соработка во Владата" потенцираше Андоновски. 

Со почит, 

Стефан Андоновски – дополнителен заменик-министер на Министерство за информатичко општество и администрација

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Принтскрин

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан