• вторник, 19 ноември 2024

Англиската фудбалска асоцијација поддржа истражувања за превенција од потрес на мозокот при игра со глава

Англиската фудбалска асоцијација поддржа истражувања за превенција од потрес на мозокот при игра со глава
Лондон, 27 јули 2022 (МИА) - Англиската фудбалска асоцијација (ФА) поддржува обиди на научници и медицински професионалци да дијагностицираат хронична трауматска енцефалопатија (ЦТЕ) откако нова студија откри дека ударите на главата можат да предизвикаат невродегенеративни болести, пренесува ДПА. Научници од Универзитетот во Оксфорд и 12 други академски институци ја спроведоа студијата преку анализи на Британска фондација која ги истражува последиците од потресот на мозокот. Во заклучокот се вели дека кај спортистите кои во своите дисциплини имаат контакт со глават постои 68 пати поголема можност за развој на ЦТЕ, отколку за оние кои немаат можност. - Фондацијата за поддршка на спортистите и ветераните со историја на потреси е нашиот клучен партнер во програмата за истражување на здравјето на мозокот и ги поздравуваме заклучоците, нагласува ФА. ар/ац/

Остани поврзан