• сабота, 21 декември 2024

Англиската асоцијација на судии го отпушти Кут

Англиската асоцијација на судии го отпушти Кут

Лондон, 9 декември 2024 (МИА) - Англиската асоцијација на професионални арбитри (PGMOL) денес го отпушти судијата Дејвид Кут.

Во ноември, 42-годишниот судија беше суспендиран од натпреварите во Премиер лигата поради контроверзното видео каде што во разговор со пријателите, Ливерпул ги нарече глупи, а со вулгарни зборови го навреди и поранешниот тренер на „црвените“ Јирген Клоп.

- По завршувањето на темелната истрага за однесувањето на Дејвид Кут, неговиот работен однос со ПГМОЛ денеска беше прекинат. Утврдено е дека дејствијата на Дејвид Кут се сериозно прекршување на условите од неговиот договор за вработување и неговите зборови се неприфатливи, се вели во соопштението на PGMOL.

Се истакнува дека Кут има право на жалба на оваа одлука. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан