Ангелов: Да се префрла несразмена вина на Бугарија за депортацијата на Евреите е несериозно
- Да се префрла несразмерна вина на Бугарија за депортацијата на Евреите од територијата на денешна Република Северна Македонија е несериозно, смета Ангел Димитров, копретседател на Заедничката мултидисциплинарна и експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија.
Скопје, 12 март 2023 (МИА) - Да се префрла несразмерна вина на Бугарија за депортацијата на Евреите од територијата на денешна Република Северна Македонија е несериозно, смета Ангел Димитров, копретседател на Заедничката мултидисциплинарна и експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија.
Во изјава за БТА, коментирајќи го говорот на претседателот Стево Пендаровски на одбележувањето на 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи, Ангелов вели дека оценките на Пендаровски се „силно идеолошки“.
- Да се зборува така за Бугарија е крајно неприфатливо, дури и неточно од страна на политичар со огромна одговорност чија цел треба да биде воспоставување на добри дипломатски односи меѓу нашите две земји, вели Димитров.
Бугарија, како што посочува, била единствената земја во Европа која од една страна била сојузник на нацистичка Германија, но, како што вели, не подлегнала на притисокот и ги спасила сите свои Евреи. Според Димитров, депортацијата на Евреите од тогашната област Македонија започнала уште во јануари 1943 година со најкоцентрираната група на еврејско население од Солун. Депортацијата, вели Димитров, се случила на експресно инсистирање на нацистичка Германија, а Бугарија не ги поседувала овие територии, туку, како што посочува, само управувала со нив.
Претседателот Стево Пендаровски денеска на одбележувањето на 80-годишнината од депортацијата на македонските Евреи во својот говор рече дека за да има помирување, треба да има извинување за депортацијата на македонските Евреи.
-И во хебрејскиот и во македонскиот јазик изворното значење на зборот правда, упатува на она што одговара на вистината. Правда значи да се препознае и именува вистината и таа да биде почитувана од сите. За да има помирување, треба да има извинување за улогата на профашистичката влада во Софија во тоа време во депортацијата на македонските Евреи, потенцира Пендаровски. бак/вј/