АМС вети поддршка за идните подвизи на Марко Пејчиноски
- Агенцијата за млади и спорт е подготвена да ги помогне идните подвизи на младиот македонски пливач Марко Пејчиноски. Тоа го соопшти по денешната средба на директорот Наумче Мојсоски со охридс
Охрид, 5 септември 2022 (МИА) - Агенцијата за млади и спорт е подготвена да ги помогне идните подвизи на младиот македонски пливач Марко Пејчиноски. Тоа го соопшти по денешната средба на директорот Наумче Мојсоски со охридскиот пливачки херој Пејчиноски.
- АМС е подготвена да помогне во подготовките за следниот подвиг. На Марко му останува да постигнува резултати, а Агенцијата е тука да го поддржува. Мојсоски искажа подготвеност Агенцијата да ги помогне идните подвизи на овој млад спортист, а помошта ќе биде еднократна или на месечна основа, во зависност од потребите на Марко, стои во информацијата.
За реализирање на годинашната цел да исплива 250 километри со 10 препливувања, Пејчиноски кажал дека со подготовки почнал на 15 октомври 2021 година, кога во период од три месеци неделно препливувал по 60 километри.
Првата делница била Радожда – Охрид, по што следувале уште девет препливувања. Завршил со делницата Охрид - Струга каде од дозволени 10 минути Марко одморил четири минути, по што продолжил кон Свети Наум со пауза од шест минути и повторно се упатил кон Охрид, со ова Марко вкупно испливал 64 километри. сс/сст/