АМСМ: Од 12 часот во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони - Богородица
- Сообраќајот на граничниот премин Евзони - Богородица од 12 часот е во прекин, соопшти АМСМ.
Скопје, 28 декември 2025 (МИА) - Сообраќајот на граничниот премин Евзони - Богородица од 12 часот е во прекин, соопшти АМСМ.
Прекинот, како што претходно објави дописничката на МИА од Атина, е во периодот од 11 до 15 часот и од 17 до 21 часот по македонско време, поради блокадите поставени од грчките земјоделци.
Земјоделците кои од 1 декември со нивните трактори се на граничниот премин, и денеска, исто како и вчера најавуваат две четиричасовни блокади на границата за влез и излез од Грција на патнички и товарни возила.ац/вј/
Фото: МИА архива