• петок, 05 декември 2025

АМСМ: На ГП Табановце се чека околу еден час

АМСМ: На ГП Табановце се чека околу еден час

Скопје, 30 август 2025 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу еден час, додека на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.вј/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан