• сабота, 06 јули 2024

АМСМ: Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

АМСМ: Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Скопје, 2 септември 2021 (МИА) - На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат утрово од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. дма/

Остани поврзан