• петок, 03 јануари 2025

Аморим: Се бориме за опстанок во Премиер лигата

Аморим: Се бориме за опстанок во Премиер лигата

 

Манчестер, 31 декември 2024 (МИА) – Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, изјави по третиот последователен прволигашки пораз дека неговиот тим се бори за опстанок во Премиер лигата.

Јунајтед синоќа на „Олд Трафорд“ загуби од Њукасл со 0-2, го претрпе четвртиот пораз во последните пет кола и се наоѓа на 14. место на табелата со 22 бодови, седум повеќе од Ипсвич кој е прв во зоната за испаѓање, на 18. место.

Одговарајќи на новинарско прашањето по натпреварот, дали неговиот тим сега е во борба за опстанок, Аморим рече: „Тоа е навистина јасно“.

„Ова е еден од најтешките моменти во историјата на Манчестер Јунајтед и мораме да се справиме со тоа фер. Мораме да ја препознаеме нашата позиција и во оваа лига секој може да победи секого. Мораме да се ангажираме и да се фокусираме на опстанокот“, рече Аморим.

Во следното коло Јунајтед в недела на „Енфилд“ ќе игра против првопласираниот Ливерпул. ег 

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан