• петок, 22 ноември 2024

„Американ ерлајнс“ порача 20 суперсонични патнички „Овертур“ авиони

„Американ ерлајнс“ порача 20 суперсонични патнички „Овертур“ авиони

Лос Анџелес, 18 август 2022 (МИА) - Една од најголемите светски авиокомпании, „Американ ерлајнс“ порача 20 суперсонични патнички авиони „Овертур“ (Overture) од технолошката компанија „Бум“. Тој број би можел да се зголеми за уште 40 повеќе, доколку сѐ оди според планот.

„Бум“, инаку, лани се обврза да изгради до 50 суперсонични авиони и за „Јунајтед ерлајнс“. Но, „Бум“ допрва треба да произведе функционален суперсоничен патнички авион... Првото летало треба да биде завршено до 2026 година. Изградбата на производниот погон се очекува да почне годинава. За самиот суперсоничен авион, се тврди дека ќе достигне брзина од 1,7 маха и на пр., од Сан Франциско до Токио ќе стига за околу шест часа. Исто така, компанијата нагласува дека леталото ќе користи 100 отсто одржливо воздухопловно гориво.  си/

Остани поврзан