• петок, 22 ноември 2024

Американски „центар" ќе ја предводи женската екипа на Баскет Кам во ВАБА лигата

Американски „центар
Македонска Каменица, 21 август 2021 (МИА) - Женската екипа на „Баскет Кам" која е актуелен освојувач на двојната круна во македонската кошарка ја „договори" американката Адиџат Адамс за уште едно големо засилување во пресрет на новата сезона во која првпат ќе има настап во ВАБА лигата. Од стручниот штаб информираа дека се работи за кошаркарка со богато искуство која ќе ја засили екипата од М.Каменица на центарската позиција. - Адамс е 29 годишна кошаркарка која последните настапи ги бележи за бугарски Берое. Пред две сезони е рангирана како една од петте  најдобри дефанзивки во ВАБА лигата како најдобар центар, заради што сметаме дека ќе има голем придонес во нашите настапи во ова натпреварување,  истакнаа од стручниот штаб на ,,Баскет Кам". Во својата кариера, како што додадоа, Адамс има настапувано и во Аргентина, Грција, Австралија и Шпанија. Адамс е второ засилување кај каменичанки кои претходно се договорија со црногорската репрезентативка Снежана Алексиќ. в.с/цр

Остани поврзан