• четврток, 19 декември 2024

Американски конгресмени ја осудија дезинформацијата на Лавров во Африка

Американски конгресмени ја осудија дезинформацијата на Лавров во Африка
Вашингтон, 27 јули 2022 (МИА) - Главниот републиканец во Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом, Мајкл Мекол, и претседателот на комитетот, демократот Грегори Микс, ги осудија изјавите на Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија, дадени во текот на неговата африканска турнеја што ги вклучува Египет, Уганда, Етиопија и Република Конго. -По жестокото ракетирање на пристаништето во Одеса од страна на Путин, што беше всушност газење на договорот склучен со посредништво на ОН за да се дозволи товарените бродови со жито да заминат од пристаништето, министерот за надворешни работи на Русија Лавров продолжува да шири дезинформации во Африка за улогата на Русија во влошувањето на глобалната криза со храна, се вели во изјавата. Додава дека, „да не се залажуваме, режимот на Путин повторно демонстрира дека нема да запре пред никого во неговото користење на храната како монета за поткусурување и оружје на војната. Додека цените на храната во Африка нагло растат, Руската Федерација бесрамно се обидува да ја префрли вината на другите, иако доказите за нејзината безразумност и рамнодушност кон човечките страдања се очевидни“. Лавров претходно изјави дека причина за кризата со снабдување со храна се наметнатите санкциите на ЕУ и САД против Русија. Кон крајот на април, Претставничкиот дом донесе закон за противставување на злонамерните активности на Русија во Африка, поднесен од Макол и Микс. Според законот, Администрацијата на Бајден прави оценка и извештаи за размерот и големината на руската дезинформација, корупцијата и други дејности во Африка, за поткопување на африканските партнери на САД. кб/

Остани поврзан