Американските фудбалерки го совладаа Бразил за петто олимписко злато
- Фудбалерките на Соединетите Американски Држави петти пат во историјата триумфираа на олимпискиот турнир, откако вечерва во финалето во Париз беа поуспешни од Бразил со минимални 1-0 (0-0).
Париз, 10 август 2024 (МИА) – Фудбалерките на Соединетите Американски Држави петти пат во историјата триумфираа на олимпискиот турнир, откако вечерва во финалето во Париз беа поуспешни од Бразил со минимални 1-0 (0-0).
Последен пат Американките славеа на Игрите во 2012 година во Лондон, а сега имаат пет златни медали, по еден сребрен и еден бронзен. Бразил го загуби финалниот меч по трет пат во историјата, а секој пат Американците беа кобни за нив. Бразилците претходно загубија од истите противнички во 2004 и 2008 година.
Клучниот момент од финалниот натпревар се случи во 57. минута кога Мелори Дајан Свансон го постигна единствениот гол.
Во натпреварот за третото место, германските фудбалери вчера беа подобри од Шпанија со 1-0. ег ФОТО: Фејсбук